Yeşim Sert Karaaslan
30 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Во акциите на припадниците на безбедносните сили извршени во Турција во последните седум дена беа неутрализирани 44 терористи, од кои 19 се убиени, 12 приведени, а 13 од нив се предале, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека безбедносните сили од 23 октомври до 30 октомври спровеле 1.570 акции.
Во акциите приведени се 1.256 лица поради сомнение за поврзаност со терористичките организации ПКК/КЏК, ДЕАШ, ФЕТО и левичарските терористички организации.
Покрај тоа, приведени се 3.525 лица поврзани со шверц на дрога и криумчарење, односно 148 лица во рамките на борбата против илегалната миграција.
Припадниците на безбедносните сили во акциите извршени во Муса, Битлис, Дијарбакир, Ерзинџан, Тунџели и Хакќари, уништија 17 засолништа и пештери.
Во акцијата, меѓу другото, запленети се 30 парчиња оружје, 362 килограми материја која се користи во изработката на експлозиви, 6.287 парчиња муниција и 104 експлозиви и мини.