Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
04 Април 2021•Ажурирај: 05 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турција денес изрази загриженост во врска со вчерашното апсење поради „безбедносни причини“ на поранешниот претседател на Јорданскиот кралски суд, како и на други поранешни функционери, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Загрижени сме за случувањата што започнаа со притворање на одредени лица во Јордан со образложение дека претставуваат закана за стабилноста на земјата“, се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Вчера, поранешниот јордански престолонаследник, Хамза бин ал Хусеин, и поранешниот претседател на Јорданскиот кралски суд, Басим Ибрахим Авадалах, беа меѓу 20-те лица што се приведени со образложение дека претставуваат закана за стабилноста на Јордан.
Принцот Хамза бин ал Хусеин беше престолонаследник во периодот од 1999 до 2004 година пред да биде назначен на функцијата најстариот син на кралот Абдула II, Хусеин бин Абдула.
Нагласувајќи дека Јордан е клучна земја за мирот на Блискиот Исток, турското Министерство истакна дека стабилноста и мирот во Јордан се исто толку важни колку и мирот и стабилноста на Турција.
Турција исто така изрази силна поддршка за мирот, просперитетот и благосостојбата на кралот Абдула II, јорданската Влада и на нејзиниот народ.