Mehmet Tosun
27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека започнала испораката на втората батерија на воздушно-одбранбениот систем „S-400“, а првиот авион слетал во воздухопловната база „Муртед“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на министерството се потсетува дека на 11 април 2017 година е потпишан договорот за набавка на воздушниот и ракетен одбранбен систем од долг дострел „S-400“, кој ги исполнува потребите на Турција за воздушна и ракетна одбрана.
Се истакнува дека во рамки на договорот, меѓу 12 и 25 јули била реализирана набавката на компонентите за првата батерија.
„Во воздухопловната база „Муртед“, од денес започна испораката на компонентите за втората батерија на „S-400“. Процесот на испорака ќе трае околу еден месец“, се додава во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција.