Ekip
23 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во 08:00 часот по локално време се отворени гласачките места во Истанбул за повторените избори за градоначалник на овој град, јавува Anadolu Agency (AA).
За оваа функција ќе се борат кандидатот на Народна алијанса (АК Партија и МХП) Бинали Јилдирим и Екрем Имамоглу, кандидат на Народен сојуз (ЏХП и ИЈИ Партија), бидејќи претходното гласање на локалните избори кои се одржаа на 31 март, беше поништено во Истанбул од страна на Високата изборна комисија (YSK) минатиот месец.
YSK соопшти дека бројот на гласачите кои до 17:00 часот по локално време ќе имаат можност да го искористат своето демократско право за време на денешните избори, изнесува 10.560.963 лица во вкупно 31.342 гласачки места во 39 области во градот.
На изборите на 31 март натпреваруваа 32 кандидати, од кои 24 независни кандидати, додека во повторените избори ќе има само 21 кандидат, вклучувајќи ги и кандидатите на Партијат на правдата и развојот (АК Партија), Републиканската народна партија (ЏХП), Партијата Саадет, и Партијата Ватан, заедно со 17 други независни кандидати.
Според YSK, беше донесена одлука за повторување на изборите во Истанбул откако околу 30.281 гласови во 108 гласачки места беа прогласени за неважечки поради тоа што листовите за пребројување на гласовите не биле потпишани или недостасувале.
Исто така, во 754 гласачки центри на изборите на 31 март во Истанбул беше откриено дека биле ангажирани членови на комисијата кои не биле државни службеници.
На 31 март, излезноста на изборите изнесуваше 83,88 отсто, шест отсто помалку од претходните локални избори на 30 март во 2014 година.
Според официјалните разултати на YSK, на локалните избори од 31 март, Имамоглу доби 48,8 отсто од гласовите во Истанбул, додека Јилдирим доби 48,55 отсто.
Меѓу другото, АК Партија победи во 24 општини во областите во Истанбул, додека ЏХП освои 14 општини.