Çiğdem Pala
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Со преместувањето на оклопните возила од истанбулската касарна Баштабија започна примената на одлуките за преместување на касарните од градовите Истанбул и Анкара, усвоени по обидот за пуч кој на 15ти јули го изврши терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Со одлуката е предвидено касарните во Анкара и Истанбул да бидат преселени надвор од градовите до 11 септември, а реализацијата на одлуките започна со преместување на оклопните возила на 66-та Механизирана оклопна бригада од Третата воена област.
Транспортот на оклопните возила започна по воената церемонија, а воената механизација во придружба на полицијата со шест камиони ќе биде преместена во грдаот Текирдаг.
Тенковите кои во ноќта на обидот за пуч излегоа на улиците на Истанбул, пред две години беа сместени во касарната Баштабија.