Izzet Taskiran
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
ИСТАНБУЛ ( АА ) – По терористичките напади кои неодамна ги погодија турските градови Анкара и Истанбул, зголемени се мерките на безбедност на истанбулскиот аеродром Ататурк, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај зголемената контрола на аеродромот, полицијата ги легитимира патниците кои влегуваат во градското метро и се возат кон центарот на градот. Да се потсетиме дека на 13 март во експлозија на автомобил бомба во центарот на Анката загинаа најмалку 37 лиц а а повеќе од 120 се ранети.
Само шест дена подоцна, 19 март, во терористичкиот напад на улицата Истиклал во Истанбул, загинаа 5 лица, меѓу кои се наоѓа и бомбашот самоубиец.