Emin İleri
27 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
ИСТАНБУЛ ( АА ) – Ирачкиот потпретседател Осама ал-Нуџаифи, за време на одржаната прес-конференција по состанокот со турските официјални лица во Истанбул, се заблагодари на поддршката на Турција кон народот во Мосул, Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Имам можност да се заблагодарам на претседателот Ердоган и премиерот Давутоглу за нивнитe напори и учеството на Турција во борбата против терористичката организација ДАЕШ, која е заедничка закана за САД, ЕУ и целиот свет. Помошта од Турција ни е многу значајна и се надеваме дека таа и во наредниот период ќе продолжи да помага. Веруваме во поддршката на Турција”, рече Нуџаифи кој изрази сочуство по повод загинувањето на турските војници во иранскиот град Башика, во покраината Мосул.
Тој истакна дека на состаноците со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу, разговарале за планот за ослободување на Мосул.
Нуџаифи истакна дека новата акција во јужниот дел на тој регион започнала пред неколку дена.
„Она што очекуваме е оваа акција за спас на Мосул да се забрза и да се прошири. Ослободувањето на Мосул за краток временски период со помош на ирачката војска и силите на Пешмерга од јужниот дел ги сметаме за многу важни”, рече Нуџаифи.
Ирачките сили во четвртокот започнаа обемна акција со цел ослободување на Мосул, вториот најголем ирачки град кој уште од летото 2014 година е под контрола на терористичката организација ДАЕШ.