Behlül Çetinkaya
23 Јуни 2021•Ажурирај: 23 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се состана со министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу ја потврди информацијата преку објава на својот твитер-профил.
Шефот на турската дипломатија се состана со неговиот германски колега во рамките на посетата на Германија, каде што се наоѓа со цел да учествува на Берлинската конференција во врска со Либија.
„Со министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, разговаравме за различни теми, како Либија, туризмот, како и нашите односи со ЕУ во однос на миграцијата и царинската унија“, напиша Чавушоглу на Твитер.