Burcu Çalık Göçümlü
05 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди турската област Малатија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) оваа информација ја потврди преку соопштение објавено на својата интернет страница.
Се вели дека епицентарот на земјотресот бил во подрачјето на Путурге во Малатија, и се случил во 21:06 часот по локално време.
Според соопштеното, земјотресот со јачина од 5 степени се случил на длабочина од 7 километри.
Во соопштението се нагласува дека земјотресот бил почувствуван и во околните области.