Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
15 Септември 2021•Ажурирај: 16 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Заменик-министерот за надворешни работи на Турција в четврток и петок треба да ја посети американската престолнина, како дел од политичките консултации пoмеѓу Анкара и Вашингтон, пренесува Агенција Анадолија (АА)
„Заменик-министерот за надворешни работи, амбасадорот Седат Онал, ќе го посети Вашингтон на 16 и 17 септември 2021 година и ќе се сретне со заменик државната секретарка Венди Шерман и државната потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.
Во соопштението се додава дека Онал и Шерман би требало да разговараат за „билатералните односи, регионалните прашања и меѓународните случувања“ како дел од сеопфатните политички консултации што ќе се одржат меѓу делегациите за време на посетата.