Yusuf Şahbaz
29 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
ИЗМИР (АА) - Турција, во периодот јануари - септември оваа година изврши извоз на чевли во 172 земји, во висина од 602 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите кои новинарот на АА ги доби од Унијата за извоз на кожа и кожни производи на Егејот, минатата година во периодот јануари - септември извезени се чевли во противредност од 558 милиони долари, додека во истиот период оваа година, забележан е раст од 8 отсто и Турција забележа извоз во висина од 602 милиони долари.
Турција извезува чевли во 172 земји во светот, а најголем увезник на чевли од Турција е Ирак, со увоз на чевли во противредност од 74 милиони и 686 илјади долари. Зад нив следи Руската федерација со 56 милиони и 274 илјади долари.

Претседателот на Здружението на чевларски индустријалци на Турција, Сулејман Ѓурсој за АА изјави дека светскиот пазар на чевли „тежи” 133 милијарди долари. Тој рече дека произведувачите на чевли од Турција се концентрираат на пазарите на кои Кина заостанува.
Ѓурсој истакна дека турската чевларска индустрија многу побргу го подготвува производството на колекцијата од земјите кои се големи производители на чевли. „Нашето бргу подготвување на колекцијата и брзата испорака на чевли е многу голема причина поради која ги избираат турските производители на чевли”, рече Ѓурсој.
Ѓурсој изјави дека не е фантазија, во наредниот период да се очекува турската чевларска индустрија да оствари извоз во висина од 3 милијарди долари.
„Турските извозници се многу претприемнички ориентирани”
Жак Галико, претседател на Унијата на извозници на кожа и кожни производи на Егејот, рече дека една од најважните производи во секторот на кожа се чевлите.
Истакнувајќи дека САД годишно увезува чевли во висина од 30 милијарди долари, Галико рече: „Во оваа земја со многу викока куповна моќ извезуваме чевли во висина од 10 милиони долари. Тое е пораст во однос на изминатите години, но оваа бројка треба уште повеќе да се зголеми”.
Галико изјави дека Турција брзо се вратила на старите денови на рускиот пазар.
Додавајќи дека турските извозници се однесуваат многу претприемнички, Галико изјави: „Одиме во секој дел од светот. Воспоставуваме врски. Тоа директно се отсликува врз извозот”.
Цел - да се оствари извоз во висина од 3 милијарди долари
Претседателот на Здружението за извоз на чевларската индустрија на Егејот, Фарук Ханоглу рече дека Турција во светот воглавно продава класични чевли кои се користат секојдневно.
Додавајќи дека извозот постојано е во подем, Ханоглу рече дека планираат до 2020 година да остварат извоз во висина од 3 милијарди долари.Тој истакна дека поддршката добиена од министерството за економија во организацијата на саемот има голем придонес во растот на извозот на чевли од Турција.
Ханоглу рече: „Започнавме да ги прибираме плодовите од дадената поддршка. Доколку оваа поддршка продолжи и во годините кои престојат, тогаш многу поголемо ќе биде учеството на турските чевли на светскиот пазар”.
Ханоглу истакна дека во чевларскиот сектор многу важен фактор е брендирањето, додавајќи дека турските производители на чевли, доколку успеат да се брендираат, тогаш за истото количество производи ќе имаат поголеми приходи.
Првите 10 земји во кои Турција има најголем извоз на чевли:
| Земја | ($) |
| Ирак | 74.686.274 |
| Руска Федерација | 56.274.379 |
| Германија | 37.693.541 |
| Бугарија | 37.379.854 |
| Саудиска Арабија | 29.047.705 |
| Романија | 21.225.561 |
| Англија | 17.169.381 |
| Италија | 15.340.511 |
| Израел | 14.866.418 |
| Холандија | 13.890.305 |