Tuba Şahin
20 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турција за првпат во историјата оствари повеќе од еден процент удел во глобалниот извоз, соопшти турскиот министер за трговија Мехмет Муш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Муш во објава на својот Твитер профил напиша дека овој удел се движел од 0,14 проценти регистрирани во 1980 година, до 0,43 во 2000 година.
„Турските производи сега се извезуваат низ целиот свет“, порача Муш, соопштувајќи ги податоците на Светската трговска организација и Заводот за статистика на Турција (ТуркСтат).
Според податоците на ТуркСтат, извозот на Турција во периодот од април до јуни оваа година беше на ниво од 55 милијарди долари.