Cemil Murat Budak
12 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
АНКАРА
Обвинителството во Анкара издаде налог за приведување на најмалку 25 лица, во состав на истрагата против т.н. безбедносна структура на терористичката организација ФЕТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Обвинителството е наведено дека е издаден налог за приведување на 25 осомничени лица, за кои е утврдено дека се високопозиционирани припадници на ФЕТО, кои го користеле „БајЛок“.
Наведено е и дека се работи за поранешни шефови на полицијата, комесари, нивни помошници и полицајци.
Издадени се налози за притворање на уште 23 осомничени лица на подрачјето на Истанбул за кои е утврдено дека го користат „БајЛок“, шифрираната програма за комуникации на терористичката организација ФЕТО.
Од Кабинетот за тероризам на Обвинителството во Истанбул е соопштено дека е спроведена истрага против осомничените за кои е утврдено дека го користат „БајЛок“, и за кои е утврдено дека се вклучени во терористичката организација.
Во рамките на истрагата, за 23 лица од различни професии е утврдено дека го користат „БајЛок“.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.