Faruk Zorlu
13 Ноември 2018•Ажурирај: 13 Ноември 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Турските обвинители денес издадоа налози за апсење на 22 осомничени лица за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата на јавниот обвинител во северозападната област Чанаккале се издадени налози за осомничените, во кои спаѓаат 21 војник на должност, а осомничени се поради комуницирање со „тајни имами“ на терористичката организација.
Операцијата за апсење на осомничените е во тек.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.