Havva Kara Aydın
26 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турција има за цел да воспостави посилни врски со азиските земји преку нејзината Иницијатива „Повторно Азија“, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
На свеченото отворање, Чавушоглу истакна дека Турција ќе ги зајакне своите односи со азиските земји во новата ера, паралелно продолжувајќи со трговијата со Европа.
„Од една страна, Турција ќе го продолжи процесот на интеграција со Европа и ќе ја одржува својата клучна позиција во НАТО, најмоќната алијанса во светот.“
„Од друга страна, Турција ќе продолжи да игра клучна улога како најзападната азиска и најисточната европска земја“, додаде тој.
Чавушоглу нагласи дека Турција ги поврзува двата континента и претставува мост помеѓу Истокот и Западот.
Потенцирајќи дека Азија станува светски економски центар, Чавушоглу рече дека Турција сака да ги унапреди своите односи со Азија во повеќе димензии.
Турското Министерство за надворешни работи на 6 август претстави нова Иницијатива „Повторно Азија“ со цел унапредување на односите со азиските земји на различни полиња.
Иницијативата од страна на експертите се гледа како иницијатива којашто ја обликува идната турска дипломатија.