Murat Temizer
28 Јануари 2021•Ажурирај: 29 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, утре во 10:00 часот од Анкара ќе го испрати третиот турски воз со бор кон Кина, соопштија денеска официјалните извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директорат на „Ети Маден“ ќе извезе бор во 42 контејнери за Сиан, Кина, првин со возот на релација Анкара - Сивас - Карс во Турција, а потоа преку преминот Грузија - Азербејџан - Касписко Море.
Турската компанија „Ети Маден“, која претходно извезуваше бор на меѓународно ниво по морски пат, сега ќе извезува со воз.
Транспортот со воз ќе се одвива на повеќе од 2.300 километри низ Турција, 220 километри низ Грузија, 430 километри низ Азербејџан, 420 километри преку Каспиското Море, 3.200 километри преку Казахстан и 2.100 километри низ Кина.
Турција зазема удел со 57 отсто во светскиот пазар на бор и извезе 700 илјади тони бор во Кина во 2020 година.
Првиот воз кој превезуваше стока од Турција за Кина тргна од Истанбул на 4 декември 2020 година и мина растојание од 8.693 километри и тоа низ Турција, Грузија, Азербејџан, Каспиското Море и Казахстан за да стигне до кинескиот град Сиан, завршувајќи го своето историско патување на 19 декември.
Вториот воз исто така ќе тргне кон Русија утре.