Behçet Alkan
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
НЕВШЕХИР (АА) – Кападокија која е еден од најзначајните туристички центри во Турција со Самовилските оџаци, пештерите издлабени во карпите, како и природната карпеста структура, доби една посебна убавина со снежните врнежи во март, јавува Anadolu Agency (AA).
Врнежите од снег кои синоќа започнаа во регионот на Кападокија, создадоа прекрасен поглед на местото каде се наоѓаат Самовилските оџаци. Локалните и странските туристи се прошетале низ Самовилските оџаци кои беа под снежна покривка и се фотографираа за спомен.
Фатма Билалоглу која дошла од Самсун со своите пријатели, истакна дека очекувале сончево време но биле изненадени со снегот.
„Првпат доаѓам во Кападокија, многу ми се допадна. Всушност не очекував снег, мислев деќа ќе биде сончево време, но ова место изледа многу убаво и под снежна покривка.“ истакна Билалоглу.
Мурат Чопур кој го фотографирал подрачјето кое е под снежна покривка, истакна дека е создаден еден фасцинантен пејсаж, и дека во рани утрински часови излегол на прошетка за да ужива во Кападокија која е обоена во бело.
„Снегот во месец март во Кападокија создава прекрасен поглед. Според мене снежната покривка е убава „венчаница“ за Кападокија. Дојдовме да се прошетаме во овој убав пејсаж, и да направиме многу фотографии.“ истакна тој.
Од друга страна, Хакан Дургун кој дошол од Анталија со цел да ги посети историските и туристичките места на Кападокија, истакна дека бил зачудена кога наутро ги видел Самовилските оџаци покриени со снег. Дургун пренесе дека веќе два дена се наоѓа во Кападокија, и дека доживеал две сезони во овие два дена.
Група кинески туристи имаа прошетаа низ музејот на отворено во Ѓореме и фотографирајќи ги природните карпести стуктури, уживаа во снежниот пејсаж на Кападокија.