Abdullah Çatlı
29 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Најмалку 18 туристи од Јапонија се повредени во сообраќајна несреќа која се случи во областа Аксеки во турската провинција Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА, се превртел туристички минибус во кој се наоѓале јапонски туристи кои патувале од Анталија кон Коња.
На местото на несреќата се испратени голем број возила на итната помош.
Според првичните информации, состојбата на неколку туристи од Јапонија, повредени во сообраќајната несреќа, е сериозна.