Yıldız Nevin Gündoğmuş
18 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, потврди дека тимовите на теренот пронашле остатоци од полицискиот хеликоптер, кој се урна утринава во подрачјето на Пулумур, во источниот дел на Турција, при што загинаа 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
„По 2,5 часа качување, четири тимови, меѓу кои и полициски тим, во 16:34 часот по турско време стигнаа до остатоците на полицискиот хеликоптер. Преку сателит се виде дека се урнал хеликоптер и дека е превртен наопаку. Извршена е контрола дали нашите 12 момчиња се преживеани или загинале. За жал, нашите деца загинаа. Изразувам сочувство до нашиот народ и државата“, порача Сојлу.
Според него, временските услови на тоа подрачје се неповолни и во моментот е невозможно да се извлечат остатоците од хеликоптерот на друга локација.
Сојлу изјави дека екипите на теренот ја проценуваат сегашната ситуација и изрази надеж дека во најкус можен рок загинатите ќе бидат префрлени во Тунџели. Тој додаде дека сѐ укажува на тоа дека несреќата се случила поради лошите временски услови.
Турција: Во хеликоптерската несреќа во Тунџели загинаа 12 лица
Претходно, од безбедносни извори беше соопштено дека 10 минути по полетувањето на полицискиот хеликоптер во 11:40 часот од Пулумур, е изгубена врската со него.
Во леталото се наоѓаа седум полициски службеници, судии, подофицер и тројца членови на екипажот. Според првичните информации, се претпоставува дека хеликоптерот се урнал поради лошите временски услови, а во подрачјето се упатени голем број на тимови за пребарување и спасување.