Gözde Bayar,Burak Bir
03 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
АНКАРА
Турција ќе продолжи да ги штити своите права и интереси во Медитеранот без никаков компромис, се соопштува од Советот за национална безбедност, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Беа оценувани негативните пристапи на некои страни, кои се сплотија на заедничка основа против Турција, во врска со легитимните и законските чекори на Турција во Средоземното Море, при што заштитата на правата и интересите на нашата земја на копно, море и воздух ќе продолжи без каков било компромис”, се соопштува од Советот, предводен од претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Турција е земја гарантер за Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и постојано го оспорува едностраното дупчење на кипарската администрација на Јужен Кипар во Источниот Медитеран, тврдејќи дека ТРСК исто така има права на ресурсите во областа.
Во 1974 година, по пучот кој имше за цел анектирање на Кипад од страна на Грција, Анкара мораше да интервенира како земја гарантер. Во 1983 година беше основана Турска Република Северен Кипар.
- Борба против тероризмот
Советот рече дека Турција одлучно ќе ја продолжи својата борба против тероризмот со своите операции и внатре и преку границата.
„Потврдена е заложбата за продолжување на повеќедимензионалните работи за заштита на територијалниот интегритет на Сирија, за расчистување на регионот од терористички организации и враќање на Сиријците во сопствената татковина“, додаде тој.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија, операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020) за да спречи формирање на терористички коридор.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.
- Либија
Во врска со тековните случувања во Либија, советот рече дека Турција ќе продолжи да обезбедува воено консултанство за легитимната влада на Либија.
Меѓународно признатата либиска влада, позната и како Влада на национална единство, беше нападната од страна на силите на Калифа Хафтар во април 2019 година.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога беше убиен Муамер Гадафи. Водачот на сепаратистичките сили од источна Либија, Калифа Хафтар, во април минатата година започна напад за заземање на главниот град Триполи, кој беше спречен од силите на Владата на национално единство на Либија.
- Пандемија на Ковид-19
На состанокот беше истакнат и успехот на полето на здравјето, економијата, храната, технологијата, јавниот ред и безбедноста на Турција за време на борбата против пандемијата на коронавирусот.
Новиот тип на коронавирус за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, а Свтската здравствена организација (СЗО) на 11. март прогласи глобална пандемија на Ковид-19.