Ahmet Sertan Usul
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
АНКАРА
Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, во своето обраќање по пат на видеоконференција на состанокот на тема: „Деловниот свет во време на Ковид-19 и по него“, организиран од страна на Турската асоцијација за индустрија и бизнис (ТУСИАД), истакна: „Решени сме со политиката што ја водиме да ја заштитиме домашната индустрија од притисокот на увозот“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Потпретседателот Октај рече дека Турција е на пат да стане алтернативна глобална производствена моќ во периодот по нормализацијата на ситуацијата во светот.