Can Erözden
19 Јануари 2019•Ажурирај: 20 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за одбрана денес соопшти дека турската армија од почетокот на 2018 неутрализирала над 2.400 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството се вели дека 2.442 терористи се неутрализирани, вклучувајќи 74 високи членови.
Министерството, исто така, рече дека по поразениот обид за државен удар во 2016 година од страна на терористичката група ФЕТО, отпуштило над 15.000 лица поради поврзаност со ФЕТО.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој животот го загубија 251, а беа ранети речиси 2.200 лица.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.
Министерството, исто така, рече дека напорите за почитување на Договорот, постигнат минатиот септември во Идлиб, Сирија, се во тек, и покрај провокациите во регионот.
„Сите напори се направени за да се одржи прекин на огнот и стабилност според Договорот од Сочи. Нашата блиска соработка со Русија продолжува и понатаму“, рече министерот за одбрана, Хулуси Акар, минатата недела.
По состанокот минатиот септември меѓу Ердоган и Путин, двете страни потпишаа Меморандум за разбирање со кој се повикува на стабилизирање на ситуацијата во зоната без судири во Идлиб.
Во рамките на Договорот, опозициските групи во Идлиб ќе останат во областите во кои се веќе присутни, додека Турција и Русија ќе спроведуваат заеднички патроли во областите, со цел спречување на повторни судири.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.