Hasan Özkal
06 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Во забранетата воена зона од прв степен во областа Огузели во Газиантеп, турските безбедносни сили отворија оган врз група припадници на терористичката организација ДАЕШ, кои сакале да ја преминат границата и од Турција да влезат во Сирија. Притоа убиени се тројца странски државјани, а 11-мина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Од информациите до кои дојде дописникот на АА, во утринските часови во областа Oгузели, граничните единици кои се дел од команда на 5-та оклопна бригада, забележале поголема група која се обидела да ја премине границата кон Сирија во забранета воена зона. И покрај сите предупредувања, групата не запрела. По отворениот оган врз 14-члената група, убиени се тројца припадници на терористичката организација ДАЕШ, а останатите се ранети.