Gökhan Ergöçün
02 Декември 2021•Ажурирај: 02 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Љутфи Елван, министерот за финансии и трезор на Турција, е сменет од функцијата чие место го презеде Нуредин Небати, се вели во одлуката објавена во Службениот весник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Педесет и седумгодишниот Небати беше заменик-министер за финансии и трезор.
Небати има дипломирано јавна администрација, и магистратура по општествени науки на Универзитетот „Истанбул“, како и докторат по политички науки и јавна администрација од турскиот Универзитет „Коџаели“.
Во Службениот весник се наведува дека претходно министерот Љутви Елван побарал ослободување од функцијата.