Emine Ezgi Yeşil
18 Мај 2017•Ажурирај: 18 Мај 2017
ИЗМИР (АА) - Недалеку од брегот во Сеферихисар, во турската област Измир, беа спасени 43 мигранти чиј чамец почнал да пропушта вода, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА дознава дека мигрантите со гумениот чамец сакале нелегално да стигнат до грчките острови.
Екипите на крајбрежната стража на Турција спасија 43 мигранти, од кои четири се деца.
Мигрантите по потекло се од Авганистан и од Сирија, а откако беа спасени, чамецот потонал.
На спасените лица им е укажана медицинска помош, а тие ќе бидат предадени на локалната канцеларија за странци.