Diyar Güldoğan
21 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција е важна земја за НАТО, изјави денес шефот на делегацијата на алијансата во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одржувањата состаноци во Истанбул, каде што присуствуваат повеќе од 350 пратеници од 55 делегации, покажуваат дека Турција е важна земја за НАТО“, рече Осман Ашкин Бак за АА.
Турција е домаќин на 62. Годишна сесија на Парламентарното собрание во Истанбул, нејзиниот најголем град.
Претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Тарнер истакна дека Турција се соочила со многу тешкотии.
„Турција дава свој придонес преку борбата со овие предизвици“, изјави Тарнер за време на денешниот говор.
Тој вели дека Турција работи на проширување на стабилноста во областа на Црното Море, Медитеранот и на Балканот, и е домаќин на милиони бегалци.
Тој вели дека НАТО исто така е свесен за „траумата“ што обидот за државен удар на 15 јули ја создаде во Турција, во кој загинаа 248 лица и речиси 2.200 беа повредени.