Yıldız Nevin Gündoğmuş
15 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,6 степени се случи во турската источна област Бинѓол, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) ја потврди оваа информација преку соопштение објавено на својата интернет-страница.
Во соопштението се нагласува дека епицентарот на земјотресот, кој се случил во 9:51 часот по локално време, бил во подрачјето на Карлиова.
Земјотресот со јачина од 5,6 степени е регистриран на длабочина од 7,01 километри.
Потсетуваме, во истото подрачје вчера се случи земјотрес со јачина од 5,7 степени, во кој загина најмалку едно лице, а повредени беа околу 20 лица.