Muhammed Gencebay Gür
29 Јуни 2018•Ажурирај: 30 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во истанбулскиот кварт Јаликој, голем пожар денес попладне зафати стара фабрика за чевли која се користи како студио за снимање на турски филмови и серии, јавува Anadolu Agency (AA).
Причината за пожарот сè уште не е позната, а на терен се наоѓаат голем број екипи на пожарникарната служба.
Началникот на општината Јаликој, Јуџел Челикбилек, потврди дека пожарот избил во филмско студио, односно во зграда која некогаш била фабрика за чевли. Според неговите зборови, пожарот е ставен под контрола, но интервенцијата на пожарникарите сè уште не е завршена.
Али Карахан, од Кабинетот на пожарникарските служби во Истанбул, потврди дека во пожарот не настрадал никој, ниту има повредени.
Причината за пожарот ќе биде утврдена дополнително, а над квартот Јаликој сè уште се забележува црн и густ чад.
Во некогашната фабрика која ја зафати пожарот, снимани се голем број познати турски серии, меѓу останатите и серии познати на публиката од овие простори, како „Долина на волците“, „Така како што времето одминува“ и „Кога лисјата паѓаат“.