Cemil Murat Budak
16 Февруари 2021•Ажурирај: 17 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Турското обвинителство покрена истрага против пратеникот на холандскиот Парламент Герт Вилдерс поради навредливите содржини кои на социјалните мрежи ги објави за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кабинетот на државното обвинителство во Анкара денес соопшти дека истрагата е покрената поради објавата која Вилдерс ја објави вчера на Твитер, во која се објавени фотографии и текст со навредлива содржина за турскиот претседател Ердоган.
Вилдерс е член на Претставничкиот дом на холандскиот Парламент и лидер на популистичката и радикална десничарска Партија за слобода.