Sena Güler
17 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
НИДЕ
Најмалку 34 осомничени лица се приведени денеска поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Локалната полиција во централната област Ниде изврши истовремени операции во 10 области во координација со канцеларијата на јавниот обвинител“, изјави безбедносен извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Операцијата против инфилтрирањето на терористичката група во судството беше извршена во областите Ниде, Елазиг, Аксарај, Афјонкарахисар, Адана, Кахраманмараш, Зонгулдак, Токат, Кајсери, како и во главниот град Анкара.
„За време на операцијата беше запленет дигитален материјал“, додава изворот.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.