Fecri Barlık
04 Јуни 2017•Ажурирај: 05 Јуни 2017
СИРТ (АА) - Ферман Озлук, студент од турскиот град Сирт, со поддршка на своите другари создаде беспилотно летало откако цената на дронот што сакал да го купи била многу висока, пишува Anadolu Agency (AA).
Озлук, студент по електронски и енергетски технологии при Универзитетот Сиирт, сакал да купи дрон, но видел дека цената на дронот изнесувала 8.000 турски лири (околу 2.000 евра). Озлук потоа одлучил да креира дрон за неговата проектна задача по предметот Системска анализа и дизајн. Тој со помош на своите другари создаде беспилотно летало со функции кои тој ги посакува, а сето тоа го чинело 700 турски лири (околу 180 евра).
Озлук во разговор за АА истакна дека поради својата голема заинтересиранот за технолошките уреди запишал електроника и енергетика.
„Шетајќи се низ трговските центри забележав дека цените на дроновите се многу високи, и одлучив сам да го направам“ раскажува Озлук.
Тој пренесе дека професорот по Системска анализа и дизајн откако им дал проектна задача, тој заедно со другарите одлучиле да ја изработат.
„Заедно со другарите собравме пари за да креираме дрон. Направивме истражување кои делови ни требаат. Едно по едно ги нарачавме деловите, како што се далечински управувач и мотор. Отидовме на факултет и го составивме деловите. Цената на дроновите во трговските центри изнесуваат околу околу 7.000-8.000 лири (2.000 евра). А нашето беспилотно летало нѐ чинеше околу 700 лири“.
Како што раскажа Озлук, купиле една камера за дронот, и со помош на безжична мрежа снимките ги прикажувале на телефон.
Меѓу другото, Озтурк информираше дека дронот може да лета и до 100 метри височина. „Уредот го контролираме со далечински управувач, додека снимките со телефон. Ќе продолжиме да работиме со цел да се намалат цените на дроновите. Моментално можеме да произведеме многу добар уред со поволна цена“, нагласи Озлук.