Mustafa Hatipoğlu,Muhammed Enes Can
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Зафер Кулоглу, поранешниот заменик началник на полицијата на Општина Башакшехир е осуден на казна строг доживотен затвор поради, како се наведува во пресудата, „обид за рушење на уставниот поредок“ при неуспешниот обид за пуч на терористичката организација ФЕТО на 15 јули минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Кулоглу за време на обидот на пучот на полицајците кои биле под негова надлежност им издал наредба да не пружаат отпор на пучистите.
Тој исто така дејствувал заедно со поранешниот началник на полицијата Митхат Ајнаџи кој во ноќта на обидот за државен удар бил пронајден во униформа во еден од тенковите кои се обидоа да го заземат седиштето на истанбулската полиција.
На изрекувањето на пресудата пред Казнениот суд во Истанбул присуствуваа и осомничениот Кулоглу како и поранешниот главен инспектор Халил Ибрахим на кого е изречена казна доживотен затвор за истото обвинение.
Поранешниот полицаец Ердоган Икиз, на кого исто така му се судеше за истата постапка, ослободен е од обвиненијата поради непостоење на докази.
Терористичката организација ФЕТО, на чело со Фетула Ѓулен, кој живее во САД, е одговорна за неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули минатата година. Претставниците на турските институции упатија повеќе предупредувања на пријателските и партнерски земји, укажувајќи на можноста дека можат да ја доживеат истата судбина во секоја земја во која ФЕТО сеуште е активна.