Ertuğrul Subaşı
06 Август 2019•Ажурирај: 07 Август 2019
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека преговорите со американските воени претставници во врска со планираната „безбедносна зона“ во северна Сирија продолжуваат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството се вели дека денешниот дел од преговорите со американските воени претставници во врска со планираната „безбедносна зона“ во северна Сирија, започнаа во 10:30 по локално време во Министерството за одбрана.
Турција очекува формирање на 32-километарска безбедносна зона во северна Сирија како и расчистување на терористичката организација ЈПГ/ПКК од регионот.
ЈПГ/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица во Турција, вклучувајќи многу деца, жени и новороденчиња, во нејзината терористичка кампања против Турција која трае повеќе од 30 години.
Анкара и Вашингтон допрва треба да постигнат договорот за безбедносната зона. Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој, во петокот рече дека Анкара има ограничена трпеливост.
Ако напорите за изнаоѓање заедничка основа со Соединетите Американски Држави (САД) се покажат како неуспешни, Турција ќе мора сама да создаде безбедносна зона во Сирија, соопшти во петокот турското Министерство за надворешни работи.