Gökhan Gücüklüoğlu
17 Јули 2018•Ажурирај: 18 Јули 2018
СИНОП (АА) - Ѓокхан Ѓуџуклуоглу
Паркот на природата „Ерфелек Татлиџа“, во местото Ерфелек во областа Синоп, го красат водопадите Татлиџа, составени од 28 поголеми и помали водопади. Секоја година овој парк на природата е домаќин на илјадници странски и домашни посетители, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за земјоделство и шумарство на Турција, во 2011 година, просторот на кој се наоѓаат водопадите Ерфелек Татлиџа ги прогласи за Парк на природата. Овој локалитет е еден од најпосетуваните паркови во тоа подрачје.
Паркот на природата годишно го посетуваат околу 200.000 странски и домашни туристи, а во својот состав има две одделни патеки за пешачење во должина од по еден километар. Едната патека е природна, која е дел од природната структура на водопадот, додека втората е изработена од страна на 10-тата регионална управа на Генералниот директорат на природни и национални паркови на Турција.
Пастрмка, був, различни видови патки, сојка, верверици, куни, зајци, ласици и срни - се дел од дивите животни кои се згрижени во подрачјето на водопадите во Паркот на природата. Паркот нуди и социјални активности, како што се планинарење и алпинизам.
На пределот на водопадите се наоѓаат и две воденици, стари еден век, на кои посетителите имаат можност да се одморат.
- „Познат и на меѓународно ниво“
Хасан Башјигит, директор на 10-тата регионална управа на Генералниот директорат за заштита на природата и националните паркови, соопшти дека водопадите Ерфелек Татлиџа до 2011 година биле користени за прошетки.

Тој истакна дека во 2011 година ова подрачје е именувано во Парк на природата и претставува простор од две шуми и длабока долина меѓу нив на кој се наоѓаат 28 поголеми и помали водопади. Башјигит рече дека благодарение на водопадите, Паркот на природата е познат и во меѓународни рамки.
Директорот Башјигит рече рече дека посетителите доаѓаат во прекрасниот Парк на природата за да уживаат во глетката на водопадите кои се наредени како 28 скалила.
„Водопадите можат да ги разгледаат и оние кои сакаат да шетаат долж долината и оние кои сакаат да ја минат патеката што ја изработи регионална управа. Годишно 200.000 туристи доаѓаат да го посетат Паркот на природата. Просторот на водопадите Ерфелек Татлиџа нуди прошетки низ природа, излет, планинарење и многу други нешта, сѐ на едно место. Министерството, согледувајќи дека од година во година се зголемува бројот на посетители, започна нови активности во врска со Паркот на природата. Првенствено, просторот на кој се протега Паркот на природата, од 450 декари го зголеми на 750. Работиме на нов развоен план. По завршувањето на овој план, во Паркот на природата ќе можат да се прават многу повеќе активности“, изјави Башјигит.
Директорот Башјигит, информирајќи дека во рамките на просторот ќе се изградат нови објекти, истакна: „Детски парк, излетничко кафуле, тоалети - се само дел од објектите кои се присутни, но недоволни во Паркот на природата. По одобрувањето на Планот, ќе биде изграден нов излетнички ресторан. Ќе бидат формирани соодветни локалитети за изградба на Центар за рехабилитација на дивиот свет, и камп. Сметаме дека по изградбата на овие објекти, бројот на посетители ќе се зголеми значително.“