Ramazan Bilgili
03 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
КОНИЈА (АА) - РАМАЗАН БИЛГИЛИ -
Водопадот Јеркопру познат по својата недопрена природа и вегетација во областа Хадим во Конија, Турција, нуди убавина за восхит со својот бел и маглив изглед, јавува Агенција Анадолија (АА).
Водопадот, кој се наоѓа на реката Ѓоксу во регионот Аладаг, на 100 километри од центарот на градот, побеле од снежните врнежи кои го зафатија регионот во последниот период.
Температурата на воздухот е под сезонските норми, поради што мразулците формирани на водопадот и водената пареа нудат прекрасна глетка.

Водата во водопадот кој паѓа од висина од приближно 25 метри, ги воодушевува посетителите интегрирајќи се со бујната вегетација во лето и снегот и маглата во зима.
- „Прекрасно природно чудо“ -
Градоначалникот на Хадим, Ахмет Хадимиоглу, за Агенција Анадолија (AA) истакна дека со направените инвестиции водопадот станал туристичка дестинација.
Наведувајќи дека водопадот е отворен за посетители секоја сезона, Хадимиоглу рече: „Водопадот Јеркопру е природно чудо кое вреди да се види во текот 365 дена од годината. Во овој контекст продолжуваат инвестициите на Градската општина. Се надевам дека ќе стане уште поубав.“
Хадимиоглу рече дека водопадот Јеркопру се наоѓа на надморска височина од околу 800 метри.

„Областа се наоѓа на околу 1.500 метри надморска височина. Испарувањето настанува поради подземната вода што тече во форма на водопад. Водата во водопадот доаѓа од под земја и на одредено место се издигнува на површината. Тоа е причината за испарувањето. Гостите што доаѓаат во областа, сакаме да ги пречекаме во нашиот хотел што го отворивме на 1 јули.“
Мустафа Чајџи, еден од посетителите, рече дека е дојден поради љубопитноста да го види снежниот изглед на водопадот.
Порачувајќи дека секој треба да го посети регионот, Чајџи рече: „Водопадот Јеркопру е уште поубаво место од тоа како се опишува. Тој е многу убав и восхитува со прекрасен пејсаж.“
Мерве Аџар, една од жителите на подрачјето, вели дека водопадот ја оддалечува од стресот на денот. „Има посебни убавини во лето, во зима, во пролет и есен. И денес е многу поинаква, уникатна.“