Seracettin Seçkin
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
ВАН (AA) - Екстремно ниските температури по кои областа Ван, во истокот на Турција е позната, се причина за делумно заледување на водопадите Мурадије во истоименото место, коешто е еден од симболите на Ван, пишува Anadolu Agency (AA).
Водопад со висина од 15 метри ги воодушевува посетителите во текот на целата година, а дури и неговата заледена варијанта го одзема звидот на посетителите.
Осум километри оддалечен од истоимениот град и стотина километри од областа Ван, нуди прекрасен поглед, како во летниот период, така и во зимскиот.
Водопадот е едно од најпосетените места кога се во прашање туристите.
Делумно се заледува кога температурата паѓа под нулата.