Davut Demircan
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Турската полиција денес приведе најмалку 86 лица под сомнение за поврзаност со ФЕТО, терористичка организација којашто стои зад обидот за пуч во 2016 година во Турција, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во Истанбул соопштија дека приведувањата биле извршени откако биле издадени налози за приведување за 44 осомничени лица, вклучувајќи и членови на оваа организација кои се во активна служба на турските вооруежни сили и други професии, откако било откриено дека користеле телефонски говорници за да стапат во контакт со членови на терористичката организација ФЕТО.
Од обвинителството се вели дека во друга истрага, обвинителите издале налози за приведување на 114 осомничени лица, меѓу кои 21 лице се во активна служба.
Во потрагата по вкупно 158 осомничени лица, турската полиција до сега приведе 86.
Во соопштението се вели дека во 25 операции од 2017 година се пронајдени над 4.800 осомничени лица за кои било откриено дека користеле говорници за да стапат во контакт со членовите на ФЕТО.
Од осомничените 2.755 се приведени, а 1.621 се наоѓаат во притвор.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и су