Barış Gündoğan
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
АНКАРА
Во последните 24 часа во Турција од Ковид-19 се оздравеа 3.218 лица, со што вкупниот број на оздравени пациенти се зголеми на 144.598, објави денес турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коџа ги пренесе податоците на Министерството за здравство според кои во Турција во последните 24 часа Ковид-19 е потврден кај 993 лица, па сега вкупниот број на случаи со Ковид-19 изнесува 172.114. Во последното деноноќие од последици на заразеност со Ковид-19 починаа 18 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 4.729.
„Во последните 24 часа бројот на нови случаи на заразување е една третина од излекуваните пациенти. Поради новите дијагнози зголемена е потребата за интензивна нега и поддршка на респиратори“, напиша Коџа на Твитер и додаде:
„Не постојат научни податоци кои би покажале дека ефектот на вирусот е ослабен. Затоа се неопходни мерки на претпазливост“.