Halil Demir
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Турската полиција во координирана акција против осомничените за членство во терористичката организација ФЕТО/ПЈД во 28 градови за местење и организирана измама, приведе 38 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
По налог на Обвинителството во Истанбул полицијата трага за вкупно 64 лица осомничени за основање на терористичка организација, членство во терористичка организација и незаконско прислушкување.
Меѓу приведените, како дознава АА, има новинари, адвокати и полициски службеници. Акцијата на полицијата и понатаму трае.
Турската полиција во вчерашните акции уапси најмалку 100 лица кои се доведуваат во врска со терористичката организација Фетулахџи/паралелна структура (ФЕТО/ПДЈ) или со движењето познато како „Хизмет“.
Станува збор за истрагата за случајот "Himmel" во кој осомничените се товарат дека во периодот меѓу 2004 и 2015 година во име на оваа организација се собрани средства со кои се финансирани нелегални активности на движењето предводено од Фетулах Ѓулен, на кој му е поништен турскиот пасош, а за кого Турција побара екстрадиција од Соединетите Американски Држави (САД) со цел да му се суди за серија кривични дела.
Во организација FETO/PDY во неколку државни институции врзани биле „паралелните структури” кои преку злоупотреба на службената положба се обиделе да ја дестабилизираат земјата и да извршат државен удар.