Burak Bir
01 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
ИЗМИР
Најмалку 23 лица кои се сомничат за поврзаност со терористичката организација ФЕТО се приведени во западна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Приведувањата се извршени откако од Канцеларијата на јавниот обвинител во Измир се издадени налози за приведување на 28 осомничени како дел од неколку терористички истраги“, вели извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
За време на рациите, полицијата заплени пари и дигитален материјал.
Полицијата продолжува по потрага на останатите 5 осомничени лица.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.