Fahri Aksüt
21 Јануари 2020•Ажурирај: 22 Јануари 2020
АДАНА/БАЛИКЕСИР/АНТАЛИЈА (АА) - Турските безбедносни сили денес приведоа 52 осомничени лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Канцеларијата на јавниот обвинител во јужните области Адана и Анталија и во западната област Баликесир издадени се налози за приведување на 52 лица, вклучувајќи и некои официјални претставници.
Антитерористичките операции во Адана беа извршени истовремено во пет области и беа приведени 22 осомничени лица.
Во операциите започнати во Баликесир, а спроведени во осум области - вклучувајќи ги Истанбул и Анкара - приведени се 10 осомничени лица.
Исто така, приведени се и 20 осомничени лица во антитерористичката операција во Анталија, при што 10 од нив се ослободени по давањето изјави.
Налозите за приведување се издадени откако е откриено дека осомничените комуницирале со членови на терористичката организација.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.