Nilay Kar
09 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
АДАНА (АА) - Најмалку осум лица се приведени во јужна Турција, осомничени за поврзаност со терористичката организација ПКК, велат полициски извори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Антитерористичките тимови извршија истовремени рации во раните утрински часови на 10 локации во подрачјата Сејхан и Јурегир во јужната турска област Адана, вели изворот кој сакал да остане анонимен.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата вооружена кампања против Турција во јули 2015 година.
Оттогаш, оваа организација е одговорна за смртта на повеќе од 1.200 лица од безбедносните сили и цивили, меѓу кои се наоѓаат и голем број жени и деца.