Kerem Kocalar,Rıdvan Korkulutaş
31 Декември 2015•Ажурирај: 01 Јануари 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Турција од безбедносни причини продолжува да поставува бетонски ѕид на границата со Сирија, јавува Anadolu Agency (АА).
Подигањето на ѕид на границата меѓу турскиот Хатај и Сирија започна во средината на оваа годината, а сега Турција гради ѕид на границата помеѓу Газиантеп и Сирија. Работниците, кои и покрај студеното време работат на подигнување на ѕид во текот на цела недела.
Ѕидот треба да овозможи поголема безбедност на границата и да се намали заканата од тероризмот и шверцот со луѓе и илегални премини на сириско-турската граница. Бетонски блокови "Ц-40" тешки девет тони, кои се направени во согласност со најновата технологија, имаат голема отпорност на куршуми.
Блоковите се високи 3,6 метри, широки 2,5 метри и дебели 30 сантиметри. Се очекува дека работата на подигнување на ѕидот, на граничниот премин во Газиантеп, ќе биде завршена до 15 јануари, а ќе бидат потрошени 800 блокови.