Yunus Türk
03 Јуни 2021•Ажурирај: 04 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА)
- Јунус ТУРК
Производството на бродови и јахти во Турција е сектор што најмногу го зголеми својот извоз минатиот месец - 136.103.000 долари во 72 земји.
Според податоците добиени од Собранието на турски извозници (TİM), новинарот на АА дојде до податокот дека Турција во мај го зголемила својот извоз за 65,5 % во споредба со истиот период од претходната година и тој изнесува 16 милијарди 480 милиони долари.
Извозот на бродови и јахти, кој во мај 2020 година изнесуваше 58 милиони 163 илјади долари, зголемен е за 134 % во истиот период од оваа година и изнесува 136 милиони 103 илјади долари. Секторот за производство на бродови и јахти минатиот месец забележа најголем раст во продажбата кон странство, при што неговиот удел во севкупниот извоз на Турција изнесува 0,8 %.
Минатиот месец, меѓу 16 града на Турција кои извезуваат делови во секторот на бродови и јахти, Истанбул е на првото место со 79 милиони 637 илјади долари од вкупниот извоз. Оваа бројка претставува 58,5 % од вкупниот извоз на Турција во овој сектор.
По Истанбул, меѓу градовите во Турција со најголем извоз во секторот на бродови и јахти се Јалова со 40 милиони 458 илјади долари и Измир со 13 милиони 21 илјада долари.
- Најголем извоз во Малта, Грција и Русија
Минатиот месец Турција во секторот на бродови и јахти оствари извоз во 72 земји. Малта е земја во која е остварен најголем извоз.
По Малта следуваат Грција со 22 милиони 895 илјади долари, Руската Федерација со 13 милиони 218 илјади долари, Норвешка со 10 милиони 497 илјади долари и Италија со 8 милиони 338 илјади долари.
Врз основа на количеството на извозот, најголем раст во извозот е остварен кон Малта со 47 милиони 101 илјада долари.
Гледајќи ги потточките на секторот, најголем придонес во извозот на секторот има извозот на бродови - 64 милиони 444 илјади 43 долари, проследен со извоз на влечни чамци - 38 милиони 634 илјади 570 долари.
Ако се погледнат потставките во секторот, минатиот месец најголем придонес во извозот со 64 милиони 444 илјади 43 долари е остварен во извозот на бродови, од кои 38 милиони 634 илјади 570 долари се остварени од извозот на бродови за влечење (Реморкери).
Во мај, Турција оствари извоз од 22 милиони 165 илјади 260 долари од продажбата на бродски танкери, 5 милиони 501 илјада 421 долар од извозот на јахти, бродови и чамци, 4 милиони 72 илјади 49 долари во бродската подиндустрија и 1 милион 285 илјади 879 долари при извозот на други поморски возила кои не се вклучени во класификациите.
- „Се надеваме дека ова зголемување на извозот во секторот ќе продолжи и во наредните месеци“
Претседателот на Здружението на извозници на бродски јахти и услуги, Џем Севен, за АА изјави: „Со извозните бројки во мај го продолжуваме нашиот успех да бидеме ‘секторот кој најмногу го зголеми својот извоз’ што го постигнавме на крајот на 2020 година. Фактот дека нашата индустрија даде значителен придонес во овој успех со пораст од 134 % во извозот овој месец, мај како втор месец со најголем извоз во историјата на нашата земја, нè прави многу среќни и нè тера со надеж да гледаме кон иднината.“
Посочувајќи дека се надева дека зголемувањето на извозот во овој сектор, кој изнесуваше 58 милиони долари во мај 2020 година, ќе продолжи и во наредните месеци, Севен истакна:
„Со објавените најнови податоци, вкупниот извоз во првите пет месеци на 2021 година е зголемен на 457 милиони долари. На тој начин успеавме да го надминеме извозот од 2020 година, кога ги срушивме рекордите за раст на извозот. Бидејќи нашите бродоградилишта ги завршуваат испораките на нивните тековни проекти, очекуваме овие бројки со истиот интензитет да се зголемат до крајот на годината и се надеваме дека на крајот од 2021 година ќе додадеме нова успешна приказна во име на нашата индустрија.“