Rabia İclal Turan
30 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
ДИЈАРБАКИР
Десетици семејства организираат протест против терористичката организација ПКК во југоисточната област Дијарбакир пред седиштето на турската опозициска партија која долго време се обвинува дека е поврзана со терористичката организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот започна на 3 септември, а прва го покрена мајката Февзије Четинкаја, која тврдеше дека нејзиниот 17-годишнен син принудно бил регрутиран во ПКК преку членови на Народната демократска партија (HDP).
Оттогаш, бројот на семејствата пред седиштето на партијата расте, при што семејствата бараат нивните деца, за кои тврдат дека се киднапирани од страна на терористите на ПКК, да се вратат.
Хусније Каја, мајка на 14-годишната Мекије, рече дека нејзината ќерка била киднапирана пред пет години. Зборувајќи на курдски јазик, таа рече дека ќе продолжи со протестот пред седиштето на ХДП. „Дури и да врне дожд или паѓа снег, ние нема никаде да одиме“, рече таа за АА.
„Дојдов тука да се сретнам со мојата ќерка. ХДП ги зеде нашите деца. Затоа сме тука, пред седиштето на ХДП“, додаде тоа.
Севдет Демир (55), мајка на Фатих кој исчезнал пред четири години, изјави дека нејзиниот син бил киднапиран во подрачјето Хани во Дијарбакир, каде што работел во пекарница.
„Заминавме во Ирак и Сирија да го бараме. Но не можевме да го најдеме, на крај дојдовме тука“, изјави таа, и додаде „Нема да заминам додека не се врати.“
Шевкет Алтинташ изјави дека неговиот син Муслум бил киднапиран од терористите на ПКК во југоисточната област Тунџели на 2 октомври 2015 година, додека бил во војска.
„Ги чекаме славните личности да дојдат тука да нѐ поддржат“, изјави тој.
Во меѓувреме, поради претстојниот зимски период, поставен е шатор за мајките кои протестираат во Дијарбакир.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.