МАЛАТЈА
- Волкан КАШИК
Универзитетот „Инону“ во Технопаркот во Малатија, разви уред опремен со сензори со висока чувствителност кој ги мери температурата на телото и на околината, нивото на кислород во крвта и пулс, со можност за полнење.
Поради големата побарувачка на болниците за уреди за мерење на температурата и пулсот, особено во време на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), проф. д-р Ахмет Кизилај, ректорот на Универзитетот „Инону“, побара во Технопаркот да се произведе нов уред.
Единицата за координација на научни истражувачки проекти на Универзитетот „Инону“ започна да работи во Технопаркот во Малатија на проект на кој соработуваат Универзитетот и индустријата.
Под водство на д-р Теоман Карадаг, член на Одделот за инженерство на катедрата на Факултетот за електротехника и електроника, од страна на компанијата за истражување и развој „Мекатрон“ (Ar-Ge), која дејствува во Малатија Технопарк, по околу 9 месеци работа развиен е уред кој може да се полни.
Ергономски дизајнираниот уред, кој е опремен со сензори со висока чувствителност и личи на мобилен телефон, може истовремено да измери четири различни вредности како што се температурата на телото и на околината, нивото на кислород во крвта и пулсот и да го информира корисникот со предупредувачка промена на бојата и звукот, кога доаѓа од зголемувањето на вредностите.
Во првата фаза развиени се 100 уреди, кои започнаа да се користат во Медицинскиот центар „Тургут Озал“ на Универзитетот „Инону“.
- „Има оригинален дизајн“
Проф. д-р Ахмет Кизилај, ректорот на Универзитетот „Инону“, за Агенција Анадолија (AA) изјави дека откривањето на бесконтактното мерење на температурата, пулсот и нивото на кислород во крвта на пациентите добило на значење за време на процесот Ковид-19.
Кизилај објасни дека тоа е причината поради која одеднаш се зголемија цените на уредите, како што се бесконтактните термометри, при што цената на овие производи, поради нивниот увоз е двојно или тројно зголемена за време на епидемијата.
Тој потсети дека презеле иницијативи и префрлиле ресурси во Технопарк да произведат уреди како што се мерачи на температура и срцеви отчукувања што им се потребни на болниците во време на пандемијата на Ковид-19.
„Ја реализиравме оваа работа во рамките на проектот за соработка меѓу Универзитетот и индустријата. Колку што знаеме, тоа е првиот уред за мерење на температура и отчукувања на срцето дизајниран во нашата земја. Нашата компанија во потполност го дизајнира производот во рамки на проектот. Најважната карактеристика на уредот е тоа што има домашен и национален софтвер. Има уникатен дизајн во сè", рече Кизилај и додаде дека покрај тоа, сопствените потреби ги развиваат преку соработка на Универзитетот и индустријата.
„Нашата следна цел е да спроведеме сериско производство на нашиот уред и тој да биде достапен за поединечна употреба. Уредот температурата ја мери од далечина, но контактот е задолжителен за мониторингот на отчукувањето на срцето. Нашата цел е да најдеме извор на средства и овие уреди да ги направиме достапни за поединечна употреба“, вели Кизилај.
- „Вградените сензори се многу почувствителни од оние што се користат сега“
Меѓу другото, проф.д-р Кизилај се осврна и на сензорите вградени во уредите за кои рече дека се чувствителни. Како што рече, 100 од изработените уреди се доставени и започнале да се користат во Универзитетската болница.
„Знаеме дека сензорите вградени во овие уреди се многу почувствителни и со многу висока резолуција од оние што се користат сега. Нашиот следна фаза ќе биде со индустриско производство, уредот да им го понудиме не само на нашите пациенти, туку и на болниците во цела Турција. Покрај тоа, нашиот уред ќе биде корисен и при преминот на системот дигитална болница. Резултатите снимени во меморијата на уредот можат безжично да се пренесат до централниот компјутер и веднаш да се зачуваат во дигиталната датотека на пациентот“, објасни Кизилај.
- „Го информира корисникот со звучно предупредување“
Д-р Теоман Карадаг, член на професорската катедра, рече дека уредот го развиле по деветмесечна работа.
Објасни дека уредот е развиен земајќи ги предвид недостатоците на неговата конкуренција на пазарот.
„Уредот претставува оригинално дело, од аспект на хардверот, дизајнот и софтверот. Додека конкурентните термометри на пазарот користат ААА и АА-батерии, ние користевме литиум јонски батерии кои можат да се полнат преку уредот. Во исто време, уредот при мерењето на температурата го информира корисникот со звучно предупредување и различни бои со својот екран во боја", рече Карадаг.
Како што истакна, температурата на телото и на околината, нивото на кислород во крвта и вредноста на пулсот сега може да се измерат само со еден уред.
„Колку што знаеме, термометрите што се продаваат на пазарот се увезени. Овој уред е развиен целосно со домашни и национални ресурси“, истакна Карадаг.
Проф. д-р Али Бејтур, главниот лекар на Медицинскиот центар „Тургут Озал“, потенцираше дека една од најважните карактеристики на уредот е тоа што тој може да се полни.
Потсетувајќи дека апаратот започна да се користи во болницата, проф. Бејтур истакна дека во наредниот период производот ќе може да се користи низ целиот свет.