Kerem Kocalar
01 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
KИЛИС (AA) - Гувернерот на Килис, Мехмет Текинарслан, во врска со ракетниот напад на терористичката организација ПЈД/ПКК нагласи дека истреланите две ракети, погодиле еден ресторан и куќа, во ко 4 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA)
Текинарслан за АА изјави дека ракета испукана од северниот дел на Сирија паднала во вечерните часови во турскиот пограничен град Килис.
„ Истреланите ракети погодија куќа и ресторан и се повредија 4 лица“ рече тој.
Повредените кои се хоспитализирани со амбулантни возила се на лекување. Полицијата продолжува со истрагата.
Во меѓувреме, позициите од каде што се истрелани ракетите се идентификувани по што беше возвратено на нападот.