Mümin Altaş
05 Февруари 2018•Ажурирај: 05 Февруари 2018
КИЛИС (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, го посети јужниот пограничен град Килис и џамијата „Чалик“ кој во последните неколку дена беа цел на ракетни напади од страна на терористите на ПЈД/ПКК од соседна Сирија, од подрачјето на Aфрин, јавува Anadolu Agency (AA).
Надлежните од владината канцеларија утрово објавија снимка од посетата на премиерот Јилдрим која покажува дека тој во Килис пристигнал во вечерните часови и дека многу граѓани го пречекале со маслинови гранчиња во рацете.
Првата станица на Јилдирим при посетата на Килис беше џамијата „Чалик“, која терористите на ПЈД/ПКК неодамна ја ракетираа при што загинаа најмалку два, а ранети беа шест цивили.
Турскиот премиер за планот за реновирање на џамијата беше информиран од гувернерот на Килис, Мехмет Текинарслан.
Тој, исто така ги посети семејствата на загинатите.
Во делегацијата, предводена од премиерот Јилдирим, во посета на Килис беа и турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за транспорт, поморство и информации Ахмет Арслан и други функционери.