Ramazan Doğan
25 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
ЌУТАХЈА (АА) - Турската хуманитарна фондација за човекови права и слободи (ИХХ) од Ќутахја, северозападна Турција, организираше хуманитарен концерт наменет за помош на децата сирачиња во Северна Македонија и Босна и Херцеговина (БиХ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Со поддршка на Општина Ќутахја, во Културниот центар „Хезар Динари“ организиран е концерт на групата „Јурујуш“, на кој беа пеени илахии и мелодии. Театарската група „Бензетмек гиби олмасин“ („Benzetmek Gibi Olmasın“) одржа претстава.
Претседателот на Здружението, Мустафа Јенипазар, за време на своето обраќање во текот на програмата рече дека под мотото „Доколку сирачињата се смеат, светот би се смеел“ спровеле голем број активности и студии за сирачињата.
Истакнувајќи дека основна цел им е извлекување насмевка на лицата на сирачињата, Јенипазар рече: „Собраните средства оваа вечер се наменети за изградба на дом за 140 девојчиња сираци и комплекс за образование за 150 машки сирачиња во Северна Македонија, а во БиХ ќе се изврши поправка на домовите за сирачиња. Им се заблагодаруваме на сите што ни надоа поддршка, и кои учествуваа во проектот.“
На крајот од активноста, градоначалникот на Ќутахја, Алим Ишик, и Јенипазар им дадоа подароци на уметниците што учествуваа на хуманитарниот концерт.