Tuba Şahin
10 Септември 2020•Ажурирај: 10 Септември 2020
АНКАРА
Стапката на невработеност во Турција во јуни се искачи на 13,4 отсто, што е пораст за 0,4 процентни поени во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Турскиот статистички институт (ТуркСтат), јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на невработени лица на возраст од 15 и повеќе години се намали за 152.000 во однос на претходната година, на 4,1 милион до крајот на јуни.
На месечно ниво, бројката за јуни исто така се зголеми за 0,5 процентни поени, бидејќи невработеноста во мај изнесуваше 12,9 отсто.
Податоците на ТуркСтат покажуваат дека стапката на вработеност достигнала 42,4 отсто, што покажува дека опаѓа значително - 4 процентни поени на годишно ниво.